10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

„Република Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Нашите институции ги следат случувањата во и околу Украина поврзани со поставувањето на вооружените сили од страна на Руската федерација долж границата“ кажа министерката за одбрана Славјанка Петровска во дневникот на ТВ24.

Таа додаде дека земјава ги поддржува напорите на НАТО и ОБСЕ за надминување на тензичната ситуација.

„Поставувањето на вооружените сили од страна на Русија е провокативно и дестабилизирачко дејствување што ја намалува безбедноста на европскиот континент“ рече Петровска.

Министерката за одбрана додаде дека токму стабилнсота на Европа треба да биде целта на сите. Таа додаде дека Владата и релевантните институции се во целосна координација со цел заштита на безбедноста на македонските граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.