21. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ново предупредувње од УХМР: Толку од сонцето – во четврток и петок промена

Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во вторник претпладне ќе има услови за провејување на снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во следните два дена времето ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок.

Можеби ќе ве интересира

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

C +

Граѓаните немаат партнер во оваа власт, мора да се бориме за заедничкиот дом, вели професорката Чупеска

C +

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

C +