Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

164 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (02.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи. Од нив 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Дојави за бомби во училишта во Куманово и Скопје

ДЕСК

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +