8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер, пронајдена дрога

На 29.12.2021 во 21.00 часот на ул.„Московска“ во Скопје, Оперативен тим Потраги во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(31) од Битола. Тој бил баран по Централна потерница од Основното јавно обвинителство Битола за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При претрес во домот во Скопје во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и поголем износ на пари во различни валути и апоени.

Тој бил предаден во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК