„Во новото раководство на СДСМ има луѓе кои досега не биле во врвот и луѓе со искуство, докажани во својата професија. Ковачевски покажа способност да ги спои различните групи, шареноликоста на СДСМ во едно. Оптимист сум и убеден сум дека ќе има успех“ кажа министерот за правда и секретар за меѓународна политика во СДСМ, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека начинот и програмата за работа на новото раководство на СДСМ не е персонализирано, туку програмско и се темели на задачите и проблемите кои треба да се решаваат.
Маричиќ додаде дека новата влада предводена од Ковачевски уште од првиот ден ќе се зафати со сите горливи проблеми и побара поддршка бидејќи земјата е во тешка ситуација со пандемијата, економската, енергетската криза, како и проблемот со Бугарија и закочениот процез за пристапување во ЕУ.
„Секое време носи определен тим и раководство и своја тежина. Раководството кое од 2013 во различни форми беше во денес имаше своја тежина и износи товар, со ружењето на режимот и сите предизвици на првите состави на Владата. Сметам дека сега и овој обновен тим може да направи многу“ заклучи Маричиќ.