23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Службениците на режимот, Маневски и Вангеловски со оркестиран напад на Маричиќ

Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски и поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски оркестирано го нападнаа актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ. Ваквите напади беа брзо споделени од проопозициските медиуми, обидувајќи се да се направи медиумска хајка против Маричиќ.

Маневски беше министер за правда од 2006 до 2011 година, кога се воспоставуваше режимот на Никола Груевски. Тој беше фатен како незаконски прима и плата и пензија.

Неговиот мандат на чело на Министерството за правда ќе остане запаметен како период кога целосно се урниса довербата во судството. Тој го деградираше судскиот систем, вршејќи силен политички притисок врз судството.

Во тој период во судството владееше непотизам, а Министерството за правда беше одбележано со бројни неправилности во финансикото работење.

Во нападите на Маричиќ, на Маневски му се приклучи и Јово Вангеловски кој минатата година беше разрешен од функцијата судија во Врховниот суд.

Вангеловски беше разрешен за несовесно вршење на функцијата, затоа што тој, заедно со уште двајца други судии го „ослободија“ бизнисменот Сеад Кочан од притвор и му овозможија да се брани од слобода, во момент кога тој беше во бегство.

Инаку, Вангеловски беше избран за судија во Врховниот суд без ниту еден ден искуство во судниците, а месец дена потоа стана и претседател на Судот.

За неговата улога во правосудството, поранешното Специјално Јавно Обвинителство објави и посебен извештај во кој наведе дека Вангеловски непрофесионално и несовесно ја вршел функцијата претседател на Врховниот суд на Република Македонија, на начин што истиот во повеќе наврати на свои соговорници им изнесувал информации од судските постапки кои се водат пред Врховниот суд, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.