11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Ете го лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13

„ВМРО-ДПМНЕ е симбол за притисоци кон медиумите, СДСМ никогаш нема да дозволи да се загрози слободата на новинарите. ВМРО-ДПМНЕ со години од позиција на власт корумпираше медиуми, а оние кои не можеше да ги поткупи ги затвораше и им вршеше невидени притисоци.

Односот на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски кон медиумите и денес е ист.

Граѓаните и медиумските работници треба да знаат дека нервозниот Мицкоски лично се јавува по телевизии да влијае врз уредувачката политика, но тешко му оди бидејќи времето на Груевски и времето на притисоци кон новинари и медиуми заврши со доаѓањето на СДСМ на власт.

СДСМ и граѓаните никогаш нема да дозволи да се загрози слободата на новинарите.

Истиот Наум Стоилковски кој денеска шири лажни вести за Владата и поранешната 1 ТВ лично гостуваше во истата телевизија, исто како и неговиот шеф Мицкоски, исто како и Игор Јанушев и многу други од раководството на белата палата.

Ете го лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13.

Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи“, истакнуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +