22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

Претставници на децата од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, денеска предновогодишно се дружеа со министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Јагода Шахпаска, како и со претставници на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО). Децата имаа прилика накусо да се запознаат со работатата на единиците за специјални задачи, за брзо распоредување и за обука и поддршка, да поразговараат со полициските службеници како тече еден нивни работен ден и да ручаат заедно со нив во мензата во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“. Притоа, од страна на министерот Спасовски во име на МВР беа донирани два инвертер клима уреди кои ќе бидат монтирани во објектите каде им се најпотребни, а од Одделот за специјални полициски операции, 25 деца присутни во Полицискиот центар добија и новогодишни пакетчиња кои се состојат од прехранбени артикли обезбедени лично од припадниците од трите единици – за специјални задачи, за брзо распоредување и за обука и поддршка.

Посакувајќи им добредојде на децата и сите присутни во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, министерот Спасовски се заблагодари на припадниците на специјалните сили на МВР што и годинава издвоија финансиски средства од сопствениот буџет за да ја продолжат веќе востановената традиција и да ги израдуваат овие деца да ja почувствуваат меѓусебната грижа, да почувствуваат дека секој еден е важен. „За мене е многу важно што полицијата покажува една хумана акција, хумана димензија. Ако сакаме да градиме сериозна доверба со нашите граѓани, ако сакаме да бидеме блиски со граѓаните, а знаеме дека сме должни да ги почитуваме интересите на граѓаните, тогаш е важно да ја покажеме и хуманата страна на полициските службеници“, истакна Спасовски. Министерот Спасовски потсети дека и оваа година што изминува беше тешка и полна со предизвици што ги донесе пандемијата, бидејќи повторно вниманието на сите беше насочено кон зачувување на здравјето и таа грижа за сопственото и здравјето на најблиските мора да продолжи и во Новата година. „Ние сме тука да бидеме потпора за секој еден од вас! Кога било што ви притреба во животот, Министерството за внатрешни работи ќе биде тука да подаде рака, да ви даде поддршка, помош да одите напред, да ги остварите своите цели и интереси“, им порача министерот на најмладите, честитајќи им ја Новата година.

Министерката Шахпаска изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи и претставниците на Одделот за специјални полициски операции кои и оваа година издвоија свои средства и ги израдуваа децата од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје со подароци.

„Навистина ме радува што традицијата на предновогодишно дружење на децата од малите групни домови со припадниците на Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за специјални полициски операции продолжува. Ова е одлична можност децата одблиску да се запознаат со работата на специјалните единици, да поразговараат со нив и да ја задоволат својата љубопитност,“рече Шахпаска. Притоа, ја истакна посебноста на припадниците на специјалните единици, како чувари на нашата безбедност.Таа воедно на сите присутни им посака многу здравје, среќа, и успех во Новата година.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T