7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија кој не смее да се повтори, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

Соопштение на СДСМ:

24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија.

Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи.

На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка новинарите и снимателите од пленарната сала на Собранието, а потоа на насилен и подмолен начин, злоупотребувајќи го собраниското обезбедување и полицијата, ги исфрли од салата и пратениците на СДСМ.

24 декември 2012 е вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ која кулминираше со обидот за убиство на пратеници и новинари во Собранието на 27 април 2017 година.

Денес, девет години подоцна во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.

Зоран Ставревски човекот кој на 24 декември 2012 го даде налогот за исфрлање на пратениците од опозицијата, денес повторно е во раководните структури на партијата, а неколку градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поранешни осудени лица за криминал и насилство.

24 декември не смее никогаш да се повтори.

Со демократските промени и преземањето на одговорноста од страна на Влада и мнозинство предводени од СДСМ демократијата се врати во македонското Собрание.

Буџетот се носи во демократска атмосфера, со конструктивна дебата и прифаќање на забалешки и амандамани од опозицијата.

Тоа е голема разлика каде беше нашата татковина тогаш а каде е денеска, што значи слободно и демократско општество кое работи за своите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на семејна веселба

ДЕСК

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК

Вчера 698 сообраќајни прекршоци, 46 санкционирани возачи на електрични тротинети

ДЕСК