7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пресврт: Сашо Мијалков останува во притвор

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков сепак останува зад затворски решетки, иако претходно Апелација му ја прифати гаранцијата и требаше да излезе од притвор, којшто му беше определен за масовното прислушување.

Кривичниот совет одржа седница и го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор во предметот „Плацеви на Водно“ во којшто Мијалков е исто така обвинет.

-Кривичниот совет по добивање на предметот, одржа седница и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена

Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1, односно дека постои Опасност од бегство, соопштија вечерва од Кривичен суд.

Обвинетиот има право на жалба пред Апелацискиот суд.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.