17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

И наследниците на Данела Арсовска во ССК се против зголемување на минималната плата

Сојуз на стопанските комори не се согласува со владиниот план за зголемување на мининалната плата на 18 илјади денари. Тие денеска на прес конференција предупредија на како што велат „негативни ефекти од поличката и популистичка одлука за зголемување на мининална плата која влијае на дестабилзиација на ионака нефунционалниот пазар на труд “.

Оттаму велат дека во самиот закон има механизам за на зголемувањето на минималната плата во март секоја година, и дека со една ваква одлука сега ќе се нанесе сериозна штета на бизнисот.

„Факт е дека во земјава има инфлаторни движења односно зголемувања на трошоци, но да го решавате тој проблем со зголемување на плата е како да сакате да изгасите оган со масло. Не оди тоа така. Значи под еден ги зголемувате трошоците на компаниите што може да води кон дополнително зголемување кон трошоците, до каде ќе одиме со тоа. Единствен начин за да се излезе од таква ситација е да се постават услови за игра и развој на компаниите со повисока економска активност “ вели Благоја Грозданов, од управниот одбор на ССК.

Тој додава дека ако компаниите не функционираат во услови на ниво за повисока економска активност не може од нив да се бара зголемување на минимална плата.

„Оваа влада веќе еднаш направи политички мотивиран бајпаст со зголемување на минималната плата на 14 и 400 денари во нето износ, и во низата негативни ефекти кое зголемувањето ги предизвика веројатно најголемо е влијанието во насока на и онака ниската стапка на труд кај нас“ вели Грозданов.

Според Стопанската комора од оваа мерка последица ќе биде намалување на мотивацијата на вработените кои досега биле попродуктивни, бидејќи голем дел од малите и средните субјекти немаат капацитет скалесто да ги зголемат платите на останатите вработени. Тие велат дека оваа мерка нема да вроди со плод продуктивност и дека зголемените трошици може да доведе до намалување на вработеноста и да ги потикне инфлаторските движења.

„Ако владата е искрена во својата намера да им помогне на бизнисот но и граѓаните, тогаш треба да спроведе мерки за намалување на стапката на придонеси и данок на личен доход е на екстремно високо ниво односно изнесува 33 проценти од бруто плата. Додека за споредба во Германија изнесува 27 проценти, Бугарија 19 проценти, Словенија 18 проценти и Хрватска 17 проценти. Оваа разлика реално е поголема ако се стават во однос на квалитетот на услугите кои се добиваат од пензиско и здравстевно осигурување“ вели Александра Андреева, член на управниот одбор на ССК.

Стопанската комора тврди дека со оваа мерка ќе се принудат работовачите да користат стара пракса „плата во плик“.

Оттаму велат дека членките на Сојузот на стопански комори се залагаат за раст на платите на вработените, но тоа да биде последица на фунционирачки пазарни механизми, на продуктивност на работна сила и зголемена економска активност. Секогаш во политиките на една земја треба да владее здрава економска логика.