5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: „Опен Балкан“ значи економски стабилен и развиен регион

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски:

Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан.

На денешниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори:
✔️ Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан.
✔️ Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните.
✔️ Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.
✔️ Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК