„Бас рапид транзит системот е проект што треба да го реши деценискиот проект во Град Скопје – јавниот превоз. Од страна на градоначалничката и ВМРО-ДПМНЕ слушаме муабети зошто нема да се прави, без воопшто да се понуди алтернатива на истиот“ кажа Мартин Попов, советник во Град Скопје од СДСМ во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој кажа дека БРТ проектот е изработен по три годишна студија во која биле вклучени експерти од Брисел и Лондон, универзитетски професори, за што постојат осум кутии документација во Град Скопје.
„Самиот проект е направен на начин да не се прекопува целиот град за ставање шини. Најдовме начин за реализација на трамвај во Скопје без да нашетиме на зеленилото, а да ја зголемиме ефикасноста и ефективноста на градскиот превоз“ кажа Попов.
Тој додаде дека проектот за БРТ дури и ќе ѝ помогне на градоначалничката Арсовска за исполнување на ветувањето за бесплатен јавен превоз во главниот град. Како што кажа Попов, со реализацијата на БРТ ЈСП ќе има заштеди од околу 60 отсто годишно.