18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде АД Славија, а сега пласира тешки лаги и дезинформации

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ шири тешки и перфидни лаги од Белиот дворец.

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и ракрчми имотот на АД Славија.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2012 – 2017 со тајни и задкулисни зделки распродала над 70% од имотот на АД Славија.

Проценката направена во 2012 година говори дека компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра.

Компанијата и државата се оштетени со ваквата тајна продажба, бидејќи по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се во сопственост на приватни компании.

Наместо да пласираат лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: