15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Советник од ВМРО-ДПМНЕ пукал од огнено оружје, ништо не се менува во оваа партија, обвини СДСМ

– Се се’ менува, само ВМРО-ДПМНЕ останува во истата партија со истиот начин на однесување на нејзините претставници.

Советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Кисела Вода пукал со огнено оружје на веселба.

Не само што е спротивно на законите туку советникот ја загрозува безбедноста на граѓаните, а ги вознемирува жителите на Кисела Вода.

Токму тоа се прави во куќата на советникот кому граѓаните му ја дале довербата да се грижи и да ги заштитува нивните интереси.

Тоа е вистинското лице на следбениците на Груевски, велат од СДСМ во своето соопштение.

Како што претходно објави Centar.mk, а МВР го потврди инцидентот, советник на ВМРО ДПМНЕ за време на слава извадил пиштол и почнал да пука во воздух, притоа направил невидена паника меѓу соседите, при што интервенирала и полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Странските инвестиции паднаа од 1 милијарда евра на само 75 милиони во вториот квартал

ДЕСК

Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

ДЕСК

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.