Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЈСП апелира патниците во автобусите задолжително да носат маски

Апелираме до сите граѓани корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска, велат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

„Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот“, се наведува во јавниот апел на претпријатието, од каде што очекуваат тој да биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК