23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

ШТЕТНО Е КАКО И ГАЗИРАНОТО: Поради овој напиток имате вишок килограми, а тој е сосема ПРИРОДЕН

На малите екрани често можеме да видиме сцени од совршен појадок, а незаменлив дел е и чаша цеден портокал. Сепак, дали е тоа она со кое треба да го започнеме денот?

Растејќи, многупати имавме можност да слушнеме колку витаминот Ц е важен за нашето тело. Сепак, утрото не е најдобро време за внесување на овој витамин во човечкото тело.

Кога пиете сок од портокал или кој било друг сок, шеќерот од него го подига нивото на серотонин (хормонот на среќата), што ве прави среќни за одредено време.

Но, поради дејството на инсулинот што се активира при внесување на сокот, наскоро ќе дојде до пад на шеќерот и енергијата.

Ова е и причината зошто консумирањето овошен сок наутро не е најдобриот избор.

Првото нешто што го внесувате во телото наутро директно влијае на вашите невротрансмитери и на тоа како ќе функционира вашиот мозок. Затоа, многу е важно со утринскиот оброк да јадете житарки и јаткасти плодови, а како пијалок само вода.

Додека шеќерот во 100 проценти од овошните сокови се појавува природно – не се додава, како што е случајот со индустриските сокови, начинот на кој телото го обработува и реагира на овој шеќер е во суштина ист.

Научниците заклучија дека иако овошните сокови можеби не се толку штетни како соковите со шеќер, тие сигурно не се толку здрави – сокот од портокал содржи калории, од кои речиси сите се од шеќер.

Без никакви хранливи материи кои го заситуваат и забавуваат варењето, како што се влакна, здрави масти или протеини, сокот од портокал може да предизвика зголемување и опаѓање на шеќерот во крвта, што може да доведе до зголемување на телесната тежина на ист начин како што прават газираните пијалоци.

Можеби ќе ве интересира

За да ослабите пијте го овој сок од само три намирници

M T