23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе буџетот за следната година

Собранието со 63 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе буџетот за следната година во вредност од 4,4 милијарди денари.

Приходите се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите на ниво од 272,4 милијарди денари. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2-процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година.

За капитални инвестиции за следната година се предвидени 37,8 милијарди денари.