15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Живковиќ: За недела неработен ден прифатени се предлозите од сите економски партнери

„Во процесот за креирање на законот за недела неработен ден беа инволвирани сите страни. Првичниот предлог беше можеби ригиден, но по дијалогот беа прифатени предлози од сите економсмки партнери“ кажа советникот за труд и социјална политика во Владата, Милан Живковиќ во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М.

Тој додаде дека во првичниот предлог било предвидено само 5,4 проценти од работниците да имаат право да работат во недела, а според сегашниот предлог осум отсто ќе работат.

„Владата има обврска да се грижи државата да опстои како социјална држава и притоа мораме да ги слушаме барањата на сите.

Попродуктивни работници се попродуктивни и добри за работодавачите“ кажа Живковиќ.

Тој додаде дека Владата е на страна на работници и никогаш не вршела било каков притисок да не штрајкуваат по најавата од страна на синдикатите за генерален штрајк. Живковиќ истакна дека недела неработен ден требаше да започне да се применува од 1 октомври, но поради евтини политички трикови тоа уште се одложува.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК