„Минималната плата е политичка одлука и во нашата земја и во Германија, Франција или САД. Споменавте дека продуктивноста на македонските работници е само 40 отсто од Европскиот просек, но колку е минималната плата во земјава во однос на европскиот просек?“ запраша Милан Живковиќ, советник за труд и социјална политика во Владата во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М.
Тој додаде дека минималната плата треба да биде една за сите, а по еконосмките сектори да се одреди најниска плата, по примерот на Германија.
„Да земеме просек дека минималната плата во ЕУ е 1000 евра, тогаш 40 отсто под 1000 евра е 400 евра“ кажа Живковиќ во дебатата со претставниците на работодавачите.
Како што потенцираше советникот за труд и социјална политика, не смее да се дозволи сите работници да се ставаат во еден кош и не смее да се потценува трудот на работниците, поради што ризикуваме да останеме без работници, односно и преостанатите да заминат во странство.