26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

Како да излечите „скршено“ срце: 5 клучни чекори за да продолжите понатаму

Секој барем еднаш во животот го доживеал синдромот на „скршено срце“ поради раскинување на љубовна врска. Солзи, чувство на празнина, болка, верба дека никогаш нема да можеме да се опоравиме се само дел од спектарот на чувства по раскинувањето.

Сепак, ниту една болка не трае вечно, а истото важи и за поранешниот емотивен партнер.

Клер Бирн (40), експерт за љубовни врски и личност која им помага на многу жени и мажи со нивните совети да се справат со болката по раскинувањето, открила пет клучни чекори кои ќе ве натераат што побрзо да се вратите во игра.

1. Прекинете го секој контакт

Закрепнувањето од раскинувањето започнува со првиот и најважен чекор – целосно прекинување на секаков контакт со бившиот љубовник, дури и со неговите пријатели.

– Првиот чекор е многу едноставен – без контакт. Не ми е гајле дали си најдобар пријател со неговата или нејзината сестра, ако сакаш да се подобриш и да продолжиш со животот, тогаш треба да престанеш да ја следиш својата поранешна љубов и сите заеднички пријатели на социјалните мрежи – објаснила Клер.

И самата е свесна дека во денешно време ваквото избегнување е тешко, бидејќи постојат различни апликации и социјални мрежи кои само го отежнуваат процесот на закрепнување.

2. Плачете и тагувајте колку што ви треба

„Луѓето со скршено срце се обидуваат пребрзо да продолжат понатаму и не си даваат доволно време да се опорават“, рече таа.

– Дозволете си само тага и можност свесно да ја почувствувате, бидејќи ако не го направите тоа и ја потиснете болката, тогаш таа ќе излезе од вас, но на некои други, непожелни начини – додаде таа.

3. Размислете добро за сè

Третиот чекор се однесува на справувањето и учењето, односно размислувањето за себе и влијанието на таа врска и нејзиниот прекин.

– Во овој чекор се работи за тоа да се запрашате: „Како сакам да размислувам и да се чувствувам со оглед на сето она што се случи во нашата врска?“, „Кои се моите заклучоци од сето ова?“.

Имајте на ум дека не можете да го избришете минатото, но знајте дека имате можност да го промените вашето искуство во него – објаснила Клер.

4. Заљуби се во себе

Ова е вториот најважен чекор во закрепнувањето по љубовен крах, бидејќи кога ќе се ставите себеси на прво место, сè друго ќе си дојде само по себе.

– Мора да се сакате себеси, бидејќи во спротивно ќе имате слична ситуација во нова љубовна врска. Длабоко верувам дека сите ние привлекуваме одреден тип на луѓе поради нашиот однос со себе и дека овие луѓе не мора да се добри за нас – изјави таа.

5. Најдете некој подобар

Откако ќе бидете подготвени повторно да се заљубите, избегнувајте го истиот тип на партнер со кој сте биле претходно. Бидете искрени и признајте си што сакате од новиот партнер и таа врска.

– Има многу предупредувачки знаци дека некој можеби не е емотивно достапен. На пример, тој тврди дека сака сериозна врска, а притоа не се труди да зборува за тоа и да планира заедничка иднина – објаснува Клер.

– Многу луѓе се заглавуваат со емотивно недостапни партнери и не ги гледаат овие знаци, иако лесно се забележуваат ако им обрнете внимание – заклучила таа.

Можеби ќе ве интересира

Синдромот на скршено срце навистина постои

CENTAR MKD