Појадокот треба да биде најважниот појадок во текот на денот, бидејќи ни дава сила и енергија за сите обврски кои не очекуваат.
Во продолжение ви ги претставуваме најчестите грешки кои луѓето ги прават за време на појадокот, а кои можат да имаат последици по нивното здравје.
1. Прескокнете го појадокот
Со прескокнување на појадокот, го лишувате вашето тело од сите потребни хранливи материи уште на почетокот на денот.
2. Само кафе
Ако пиете кафе веднаш штом станете, а потоа појадувате, му штетите на стомакот.
3. Појадок од нога
Ова е за нијанса подобра варијанта од претходните две, но сепак недоволно добра, бидејќи ваквиот појадок има хранлива вредност, но мала.
Најчесто се состои од јаглени хидрати, шеќер и скроб.
Јаглехидратите брзо се разградуваат на основни молекули на шеќер, а скробот се претвора во гликоза, па наеднаш го зголемува своето ниво во крвта. Зголеменото ниво на шеќер во крвта е многу лошо за организмот, односно создава ризик од дијабетес.
Некои од јаглехидратите кои ги јадете со ваков појадок се извор на енергија, која е краткотрајна бидејќи она што не го консумираме се претвора во енергетска резерва и масти.
Набргу по ваквиот појадок ќе бидете гладни, односно уште погладни од порано, а ќе има потреба и од слатки, бидејќи како што обично се вели „шеќерот паѓа“.
4. Богат појадок
Последната грешка што ја правиме е богат појадок.
Обилен појадок, со многу леб, житарки, мед или сувомеснати производи, содржи многу калории и масти, а после тоа се чувствуваме како да сме подготвени повторно да си легнеме, а не да ги извршуваме секојдневните обврски. Претерувањето никогаш не е добро, дури ни на појадок.
Житариците, кои често ги купуваме бидејќи изгледаат како исклучително здрави и препорачани, имаат меѓу 30 и 40 проценти шеќер, а се што е над 15 проценти е премногу, тврдат нутриционистите.
Што содржи идеалниот појадок?
Идеален појадок е оној кој е избалансиран и содржи мешавина од избалансирани хранливи материи, односно храна која има низок гликемиски индекс и која не го подига нивото на гликоза, бидејќи треба да има постојана концентрација на шеќер во крвта.
Добро е денот да се започне со чаша вода за да се надомести изгубената течност за време на спиењето и да се хидрира организмот, млечни производи (кравјо или посно сирење, јогурт, кисело млеко), како и јаткасти плодови, семки, јајца, житарки, свежо овошје и зеленчук.