Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Ангелов во Париз на состанок на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ

Вчера и денеска (понеделник и вторник, 03 и 04 ноември 2025 година), во Париз, Франција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Одделение за оператива и логистика во ДЗС, Ивица Наумовски, присуствува на работни состаноци организирани од Координативниот центар за итен одговор при Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош при Европската комисија.

Главна тема се научените лекции од шумските пожари и пожарите на отворен простор на територијата на Европа во 2025 година, при што посебен акцент беше ставен на начинот на активирање на механизмот за цивилна заштита на ЕУ за наредната 2026 година.

Инаку, истовремено, се дискутираше за подобрување на превенцијата како и подобар одговор и координација при шумски пожари и пожари на отворен простор. На состаноците говореа Жулиен Марион, генерален директор за цивилна заштита и кризен менаџмент на Франција и Микела Матуела, директор на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„Чебрен“, „Галиште“ и нови ветерни паркови ќе ја зајакнат независноста на државата, вели премиерот Мицкоски

ДЕСК

Бегство од брзото секојдневие: Селата во Туркије меѓу најпосакуваните дестинации за мирен одмор

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК