8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров во Берлин на средби со новата германска влада и учество на годишната конференција на ECFR

Утре и задутре заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија.

Во програмата се предвидени средби со високи претставници на новоформираната германска влада, вклучително и со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров.

Тој ќе ја искористи посетата уште во првите денови од мандатот на владата на канцеларот Шолц да го насочи вниманието кон европското досие на Северна Македонија и ангажманот на Германија во регионот.

Покрај средбите во МНР и Бундестаг, Димитров ќе го покрене прашањето за евроинтеграцијата на регионот и на годишната конференција на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), клучен настан на европскиот политички календар што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата.

Вицепремиерот Никола Димитров во мај годинава стана официјален член на ЕЦФР, водечка меѓународна тинк-тенк организација, посветена на европската надворешна и безбедносна политика.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК