23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Развојна банка: 11 декември е краен рок за „Ковид 3” кредитната линија

Развојната банка согласно задолжението од Владата и Анекс кон договорот за администрирање на фонд за микро и мали претпријатија, на својата веб-страница објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Согласно јавниот повик, компаниите треба да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб-страницата на банката. Барањето се прикачува електронски, на веб-форма објавена во самиот повик. Како услов за одобрување на барањето за дополнително утврдување на грејс – периодот и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3).

Поднесеното барање за дополнителен рок и грејс–период, не го елиминира правото во иднина да се поднесе барање за отпуштање на долгот од 30% од износот на кредитот, согласно утврдените критериуми наведени во договорот за кредит.

Јавниот повик и барањето за дополнителен грејс – период, како и упатството за поднесување на барањето се достапни на следниот линк.

Повикот важи заклучно со 11.12.2021 година, кога е и последниот ден за поднесување на барањата.