Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поведена постапка по пронајдена наркотична дрога​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе Предлог за определување на мерка притвор против 38 годишна кумановка, поради постоење на основано сомнение дeка го сторила кривичнoто делo – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената на 4.12.2021 година, околу 12,00 часот, во својот дом во Куманово, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – хероин во вкупна маса 4,31 грама. Откако претходно ја набавила наркотичната дрога од засега непознато лице, таа дрогата замотана во полиетиленско пакување ја скрила во кутија од цигари ставена на тераса, на прозорот од дневната соба. При претресот службените лица пронашле и дигитална вага.

Судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово го прифати предлогот на обвинителството и ја определи предложената мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ВО САБОТА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, еден од најпочитуваните небесни заштитници

ДЕСК

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК