17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанкуловска откри: Во штабот на ВМРО ДПМНЕ имало масивни сефови од 1,5 метри!

– Имаше масивни сефови од 1,5 метри во седиштето на партијата, рече ексминистерката и поранешен функционер на ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска која одговараше на прашања на обвинителката во овој процес Лиле Стефанова која побара од сведокот да ги каже своите сознанија за начинот на кој се финансирала партијата во контекст на тезата на обвинението дека Груевски ги купил плацевите на Водно со пари од чланарината.

– Одредени сознанија можам да дадам од есента во 2004 до 2006 година. додека ја извршував функцијата генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, во периодот кога партијата беше во опозиција и за цело време имаше блокирана сметка и функционираше од донации од физички лица, рече Јанкулоска напоменувајќи дека на некои од донаторите им издавале каса прими.

Колку пари му биле дадени на Груевски, праша Стефанова, а Јанкуловска на тоа одговори дека не знае колку пари му биле предадени на Груевски и дека знае само за сумата што и била давана на неа.

Јанкулоска објасни дека во времето законската регулатива била како што рече, полабава и дека се водела неформална евиденција, и затоа на некои донатори им давале и каса прими. Таа додаде дека во нејзината канцеларија во старото партиско седиште имало два големи сефа.