23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јовановиќ: Имаме многу предизвици, СДСМ мора да се обедини

Прво сакам да ги чујам интрвјуата на кандидатите, па потоа да донесам конечна оценка, вели аналитичарот Ненад Јовановиќ во “Само вистина”

 – За Фросина Ременски веќе  имаме некакви познавања,  Димитар Ковачевски сега го запознаваме, а СДСМ застапува инклузивни политики и затоа очекувам да се изнедри нов лидер, додава тој.

Според Јовановиќ во моментов на двете маси за преговарање се протежира Ковачевски, а сепак значајно е на која страна ќе се води политиката на СДСМ.

-Секој влегува со сопствени калкулации и математики, а СДСм мора да го врати кохезивниот момент, да се обедини, ние видовме 60.000 апстиненти на изборите, кои веројатно оваа партика мора да се стави под контрола бидејќи имаме многу предизвици, економски, здравствени, еве и прашањето со Бугарија, дополнува Јовановиќ.