25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Секој кој е поставен на одговорна функција треба да понесе одговорност

Ние веќе немаме меѓуетнички конфикти, но мора да се насочиме кон унапредување на стандардот и економијата, а секако имаме два предизвика а тоа се пандемијата и енергетската криза која е низ цела Европа и мора да се активираат сите ресурси и експерти за да излеземе од кризата, вели во Утрински Брифинг, Димитар Ковачевски кој е кандидат за наследник на Зоран Заев.
 
-Секогаш моите односи со луѓето ги градам врз основа на вредности, принципи и искреност и секогаш било да се работи на задача на која ми е дадена, не го правам на наметлив начин, но се трудам да ги остварам зададените цели. Јас сум рационален оптимист, верувам во целта но работам за да ја остварам, додава тој.

Ковачевски појаснува дека постојат  два аспекта на досегашната политика на СДСМ и коалцијата во Владата, според кои најмногу време се посвети на членството во НАТО и секако на прагот на ЕУ, за сметка на тоа голем број процеси во државата беа зашпоставени и имаше празнини во системот и пред се во остварување на ветувањата.

-Ние најмногу зборуваме за правна одговорност и таа е дадена со закон, и таа е во рамки на правниот систем, но постои и менаџерска одговорност, тоа значи дека секој кој е поставен на одговорна функција треба да понесе одговорност што се направило и да се следи дали се извршуваат сите процеси. Би започнал од самата партија, а потоа пошироко, вели Ковачевски.