Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва обилни и поројни врнежи од дожд, од утре некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Денес попладне, во текот на ноќта, како и утре се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни и поројни. Поинтензивни врнежи денес ќе има во западните делови, каде на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2. Утре кон крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег.

Денес ќе дува засилен јужен ветер, а во вторник под влијание на засилено северно струење ќе настапи значително заладување.

Прогноза за 30.11.2021
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 1°C до 9°C
Наутро облачно и студено со врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Уште во текот на претпладнето врнежите постепено ќе престануваат, а попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 01.12.2022
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 12°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 02.12.2021
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК