Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАНАПРАВИ САМ

НЕ МОЖЕМЕ ДА ЗАМИСЛИМЕ ДОМАШНА СУПА БЕЗ кнедли: Ова е совршениот рецепт кој на сите им успева

Не можеме да замислиме вистински семеен ручек без домашна супа. Освен супа со тестенини, треба да знаеме да подготвувате супа со кнедли, како и бела супа и супа со домати.

Домашната супа со кнедли не враќа во детството кога ја јадевме кај баба за ручек. После тоа обично се послужуваше месо и компири, а на крајот добивавме домашна торта како штрудла или жолт колач со овошје.

Подготовка: Пилешкото ставете го во вода, посолете го и оставете да зоврие. Во меѓувреме вадете ја пената, па додадете зеленчук и варете уште 40 минути до еден час. За кнедлите: изматете го јајцето, додадете малку сол и вода. Потоа додадете го гризот и сè соединете. На крај додадете го маслиновото масло. Оставете ја водата да зоврие и додадете малку сол. Потопете ја лажичката и земете ја смесата за кнедли и постепено ставајте во тенџерето. Гответе ги 10 минути, а потоа ставате чаша ладна вода и варете поклопено уште 7 минути. Процедете ја супата, додадете го магдоносот и кнедлите. Оставете уште малку да се готви и супата е готова.

Можеби ќе ве интересира

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК

Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

C +