23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Битиќи: Ние прифаќаме амандмани од опозицијата, што претходно беше научна фантастика

Сметам дека и покрај тоа што го донесовме буџетот во време на пандемија, пандемијата се уште не е завршена, економската криза не е завршена, енергетската криза не е завршена, а ние успеавме да ги покачиме капиталните инвестиции на ниво на кое никогаш до сега не биле, кажа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостувањето во ‘Утрински брифинг’. Тој додаде дека капиталните инвестиции наназад, во последните 15-20 години тежеле околу 400 милиони евра, но за првпат структурно се воспоставени тела коишто ќе го следат и унапредат нивото на спроведување на капиталните инвестиции.

-Во мојот кабинет, заедно со кабинетот на премиерот се воспоставуваат две тела, а тоа е централното тело за спроведување на инфраструктурните проекти и капиталните инвестиции, заедно со Светската банка, како и тело за мониторирање или набљудување на економските политики, изјави Битиќи.

Одговарајќи на прашање за усвојувањето на буџетот, Битиќи рече дека не ги видел сите поднесени амандмани, но, како што додаде, еден од клучните разлики во владеењата е дека СДСМ прифаќа амандмани на опозицијата, додека претходно тоа било научна фантастика.

-Во ребалансот оваа година прифативме амандмани од опозицијата дури и во ребаланс, затоа што имаше навистина добри предлози и рековме да тоа е за нашиот народ, ние мораме да ги прифатиме и овие, заклучи Битиќи.