Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Али Ахмети: Пријателството со САД, ЕУ и со соседите не смее да биде загрозено

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил објави дека пријателството со САД и Европската унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и под никакви околности не смее да биде загрозено.

„Денес преовлада и се зголеми свеста за заедничките достигнувања, за слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, за евроатлантската ориентација на нашата земја и за сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба поголема безбедност, поголема стабилност и целосна политичка предвидливост. Овде не може да има место за оние кои го негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик. Како што Ви реков, нема да постапуваме ниту со емоции ниту со еуфорија. Засекогаш заедно!“,

напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК