24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби: Денес победи Македонија

Денес победи Македонија, истакна првиот вицепремиер Артан Груби откако пропадна денешната седница за недоверба на владата.

-Ова мнозинство ќе расте, имаме убави 2,5-3 години да решиме големи проблеми – рече Груби, додавајќи дека во владата има место за сите што се залагаат за Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

Тој рече дека го познава Кастриот Реџепи од Беса, кој, според Груби, е убеден евроатлантист. Вицепремиерот посочи дека Реџепи имал закани од сопартијците, а не од власта.