10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Се стопи ли мнозинството на Мицкоски па затоа сега бара алиби преку лажни вести?

Пратеници од опозицијата јавно преку медиуми сведочеа дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата биле собирани преку лаги и измами, што само покажува дека нема поголем измамник од Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

„ Дали на Мицкоски му се стопи мнозинството, па затоа е приморан преку лажни вести од белиот дворец да бара алиби?

Притисоци уцени и закани кон граѓаните, кон пратеници се одлика на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа беа заканите и малтретирањата на пратениците кои гласаа за уставните измени.

Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите, ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци и овој пат нема да успеат“ наведуваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +