Изјава за медиуми на претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Перо Костадинов:
Ги поздравувам сите присутни и претставници на медиумите, вечерва се одржа Извршен одбор на СДСМ и исто така и Централен одбор којшто е највисокото тело помеѓу два конгреса на партијата и се разгледуваа актуелните случувања во Републиката и исто така и во партијата.
Сакам да ве информирам дека беше отворена плодна и демократска дискусија во којашто членовите на ЦО имајќи ги во предвид пред се случувањата во државата и моментот во којшто се наоѓа Северна Македонија, во овој период којшто е клучен за процесите што понатаму треба да следуваат едногласно донесе одлука премиерот да ја одложи оставката на неодредено време додека овие процеси не се нормализираат и да работи на тој план.
Не треба да потенцирам дека државата после многу години режим продолжува и се гради на европските вредности на вистинските слободарски и демократски вредности ова е слободна земја во којашто принципите на единството принципите на соживотот се клучна наша водилка и затоа СДСМ се исправува на висина на таа задача и наредниот период ќе работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста којашто е исправена пред нас државата да западне во нова криза и да биде ставена во некои ретроградни процеси.
Доколку има прашања слободно, но генералната одлука којашто е донесена е дека моментумот пред кој што е исправена Северна Македонија е многу значаен и сите ние треба да бидеме на висината на задачата бидејќи голема е цената.