23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДУИ: Сите опции се отворени, Ахмети има одврзани раце да преговара како понатаму

Ова е ставот на ДУИ по три часовната средба зад затворени врати каде заседаваш највисокото тело на партијата. Според Османи заради ново настанатата политичка состојба партијата го одредувала правецот на своето делување за зачувување на евро атланскиот курс на државата и стабилност. Партијата едногласно денеска донеал одлука да го овласти претседателот Ахмети во име на ДУИ да разговара со сите политички субјекти освен со они кои имаат отворени анти европски и анти нато ставови.

-Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии за да како важен и одлучувачки фактор после парламентарните и локалните избори со цел да се задржи овој прогресивен пат и овој евроатлански курс на државата при тоа разговарајќи со сите политички партии со двата блока освен тие што се против овој евроатлански курс, против стратешките интереси на граѓаните и државата, изјави Бујар Османи.

Пред почетокот на средбата од првиот човек на интегративците Ахмети побаравме став дали се подготвуваат стратегии за во опозиција или за нови избори..

Ахмети како лажна вести ги оцени шпекулациите дека неколку пратеници од ДУИ ќе се приклучат на новото мнозинство кое го предводи ВМРО ДПМНЕ