Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Арсовска утре официјално ќе седне во градоначалничката фотелја

Изборната комисија на Град Скопје во петокот и го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Утре, на 8ми ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Пред да стане градоначалничка, Арсовска менаџираше со Сојузот на стопански комори од 2014 година до сега.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.

Можеби ќе ве интересира

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

ДЕСК

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар

ДЕСК

Петрушевски: Борци за сиромашните на говорница, а буржуи во пракса, така изгледа класната борба на Апасиев и Левица

ДЕСК