23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Уште неколку дена сонце, потоа дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Задутре ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.

Прогноза за 09.11.2021
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Претпладне по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.11.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Претежно облачно со умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Прогноза за 11.11.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Претпладне по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.