23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

И во Бутел наместо чистење, масовно се полнат диви депонии

По снимката за одлагање на смет во депонијата во Ново Село, фотографии и видеа се појавија и за неколку локации во општина Бутел каде јасно се гледа дека камиони и механизација на општината, одлагаат отпад.

Од една страна се чисти коритото на реката Серава, а тињата и ѓубрето од неа потоа се одлагаат на депонии низ општината.

За потсетување и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски исто така ветуваше расчистување на сите депонии во општината, но она што денеска се случува е еден вид на еколошка катастрофа, масовно одлагање на отпад и полнење на депониите.

Јавноста со право се прашува дали уште во првите денови градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги прекршуваат своите ветувања и прават сосема спротивно од она што го ветиле пред граѓаните.