8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Толку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците трупаат ѓубре на дивите депонии

Новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на фејсбук се пофали дека чистел игралишта во Ново Село, ама потоа се појавија видеа на кои се гледа како општински камион влегува во депонијата покрај Лепенец за да одложи отпад.

Наместо чистење на депоните во општината кое беше едно од главните ветувања на Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, тој ја користи и полни депонијата со отпад.

На снимките се гледа дека со возило на општина Ѓорче Петров се носи отпад на недозволено место, односно каде што имало порано дива депонија, покрај реката Лепенец.

Оваа депонија во иницијатива со град Скопје почна да се расчистува во јануари 2020 година благодарение на тогашниот гадоначалник Петре Шилегов.

Ова е спротивно на предизборните заложби на новиот градоначалник Стојкоски, а ветување дека за 82 дена ќе се расчистат сите депонии во Скопје, даде и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Фотографии и видеа се појавија и за неколку локации во општина Бутел каде јасно се гледа дека камиони и механизација на општината, одлагаат отпад.

За потсетување и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски исто така ветуваше расчистување на сите депонии во општината, но она што денеска се случува е еден вид на еколошка катастрофа, масовно одлагање на отпад и полнење на депониите.

Јавноста со право се прашува дали уште во првите денови градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги  прекршуваат своите ветувања и прават сосема спротивно од она што го ветиле пред граѓаните.

Спонзорирано: