Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

БРЗО ВОЗЕЊЕ, ЦРВЕНО СВЕТЛО И НЕРЕГИСТРИРАНИ ВОЗИЛА: „Безбеден град“ направи “парче” во Охрид и регистрира стотици прекршоци во првите дена

Во текот на првиот ден од функционирањето на системот системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ односно на 12.10.2026 година, на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар регистрирани се вкупно 148 сообраќајни прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила. Во текот на вчерашниот ден (13.10.2026 година), заклучно со 19 часот, преку системот регистрирани се дополнителни 148 сообраќајни прекршоци, известија од СВР ОХРИД.

Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои се сторени прекршоците се доставуваат известувања преку СМС-пораки на мобилните телефони и на електронските адреси.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град“ има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот велат од од СВР ОХРИД.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК