7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

22 санкции за неисправни возила за јавен превоз на територија на СВР Тетово

На 04.11.2021 на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, откриени и санционирани се вкупно 22 неисправни возила, односно прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-5).

Најголемиот број од нив (12) имале неисправни сопирачки (ТЕ-10 и ГВ-2), кај 2 возила била констатирана неисправност на уредите за управување (ТЕ-1 и ГВ-1), а кај 3 возила (ТЕ) неисправност на други уреди.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-2).

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК