Енергетските вампири се луѓе кои со своите постапки и однесување ја уништуваат позитивната енергија.
Секој од нас треба да ги препознае и потоа да ги избегнува таквите поединци во нашата средина.
Овен
Родените во овој знак се стремат кон успех на секое поле од животот. Тие треба да избегнуваат поединци кои ги забавуваат и им фрлаат сомнеж во нивната сила.
Бик
Овој хороскопски знак треба да ги избегнува луѓето кои не ја кажуваат вистината бидејќи силно влијае на хармонијата на нивната душа. Идеално друштво за Биковите се луѓето на кои им веруваат и имаат можност да изградат силна емотивна врска.
Близнаци
Близнаците по природа се спонтани и сакаат забава, а негативните луѓе лесно можат да ја расипат. Тие треба да се избегнуваат во широк лак.
Рак
Раковите се емотивни луѓе кои сакаат да ги изразат своите чувства. За нив луѓето кои не ја разбираат нивната чувствителна душа во никој случај не се добро друштво.
Лав
Лавовите се полни со самодоверба и веруваат дека ништо не може да им ја уништи самодовербата. Дефинитивно не треба да се дружат со луѓе поради кои може да почнат да се сомневаат во себе и во своите способности.
Девица
Припадниците на овој знак сакаат да ја анализираат секоја ситница и да и веруваат на својата интуиција. Тие треба да избегнуваат луѓе кои се полни со сомнежи, како и оние кои постојано го критикуваат нивниот поглед на светот.
Вага
Вагата е способна да гледа на работите од различни агли и знае како да најде компромис. За нив, агресивните поединци кои постојано се склони кон кавга, во никој случај не се добро друштво.
Скорпија
Во природата на Скорпиите е тешко да им веруваат на другите. Тоа е причината што кога некој ќе ги излаже, го прецртуваат – подобро е така, таквите луѓе да се избегнуваат.
Стрелец
Родените во овој знак ја сакаат својата слобода. Треба да ги прекинат сите контакти со луѓето кои се обидуваат да ја ускратат таа слобода.
Јарец
Тоа се поединци кои работат напорно и се самодоволни. За нив луѓето кои ја омаловажуваат нивната работа не се добро друштво, особено ако тоа го прават од чиста љубомора.
Водолија
За Водолијата независноста е најважната ставка во животот, па дефинитивно треба да се оградат од луѓето кои не им даваат доволно простор.
Риба
На припадниците на овој знак им е исклучително важно повремено да поминуваат време сами бидејќи на тој начин се полни со добра енергија. Рибите треба да избегнуваат луѓе кои не го разбираат ова, не го прифаќаат и ги спречуваат „слободно да дишат“.