22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Имате проблеми со спиење? ВО ОВОЈ ГРАД ВОВЕДУВААТ ТУРИ ЗА СПИЕЊЕ ВО АВТОБУС! – Еве колку чини картата

Неодамна, жителите на Хонг Конг можат да го решат проблемот со спиењето со возење во автобус.

Посебна линија долга 75 километри сообраќа со двокатен автобус, за кој патниците купуваат билет само за малку да спијат.

Иако изгледа чудно, на многумина им е и корисно, бидејќи се сигурни дека безбедно ќе заспијат во автобусот.

Идејата за започнување на тура за спиење потекнува од маркетинг менаџерот на автобуската компанија во Хонг Конг „Улу Травел“, Кенет Конг, на кого пријател му се пожалил дека има проблеми со спиењето.

-Кога планиравме нови тури, на социјалните мрежи видов порака од мојот пријател дека не може да спие поради стресот на работа, но дека може без проблем да заспие кога патува со автобус. Тој не инспирираше да ја организираме оваа тура – изјави Конг.

Турата за спиење не е бесплатна, а цената на билетот се движи од 13 до 51 долар, во зависност од видот на седиштето во автобусот. Постојат четири различни типови на „кабини“, вклучувајќи деловни и економични кабини со пригушен звук, кабини со продолжен простор за нозете и оние со панорамски поглед на подот.

За време на возењето за спиење, патниците добиваат и бесплатен подарок сет за дремка – маска за очи и чепчиња за уши.

Можеби ќе ве интересира

Бебето не се буди само кога е гладно: Три заблуди за неговото СПИЕЊЕ кои го отежнуваат родителството

M T

Штетно влијание на мобилните телефони: Еве зошто не треба да го држите телефонот до вас додека спиете

M T

ЕВЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА МАСТУРБИРАТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ: Во телото се случуваат НЕВЕРОЈАТНИ промени – фокусирајте се на ЕДНО

M T

Помага на повеќе начини: Спиењето покрај КУЧЕ може да биде ЛЕКОВИТО

M T

Еве како да го научите вашето тело да се буди порано

M T

Санкции за автобус и комби кои вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

M T