Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Светските цени на храната на највисоко ниво во последните 10 години

Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред во октомври и достигнаа нов десетгодишен рекорд, повторно предводени од растот на цените на житото и растителното масло, објави денеска Агенцијата за храна на ОН.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи меѓународните цени на прехрамбените производи со кои најмногу се тргува во светот, во просек изнесува 133,2 поени за минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември.

Бројката во септември претходно беше 130,0.

Октомвриската статистика е највисока во однос на овој индекс од јули 2011 година. На годишна основа, индексот во октмоври се зголемил за 31,3 отсто.

Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата година, поради доцнењата во жетвата и високата побарувачка.

Можеби ќе ве интересира

Нови цени на горивата

ДЕСК

Успешно прво полугодие за НЛБ Банка: Силен раст, одговорно и одржливо работење

ДЕСК

УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

C +