23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ванхауте за оставката на Заев: Чудно е премиер да поднесе оставка поради разочарувањето на локалните избори

Изминативе денови со интерес ги следев последните случувања поврзани со локалните избори во Северна Македонија. Иако добро го разбирам, ми звучи многу чудно што премиерот би решил да поднесе оставка поради разочарувачкиот исход на локалните избори, напиша на Фејсбук поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхаут.

„Важно е тие две нивоа да се држат одвоени, бидејќи на севкупната политичка кохезија во земјата ѝ треба стабилност и граѓаните треба да разберат дека политиката на едно ниво нема директно влијание врз другото. Замислете градоначалници да поднесуваат оставки ако се разочарани од парламентарните избори.Заев ја донел и ја соопштил одлуката да се повлече во јавноста, пред да се договори со коалициските партнери за тоа.Како премиер, никогаш не треба да поднесете оставка, доколку за тоа нема согласност кај коалициските партнери, кои треба да се согласат и околу следните чекори, т.е. кој ќе ве наследи како премиер“, вели Ванхауте.

Тој вели дека сепак го разбира „разочарувањето кај Заев од функционирањето на неговата партија, од немањето напредок во евроинтеграциите, од функционирањето на некои од неговите коалициски партнери…“

Ванхауте додава и дека сега не е време да се оди на предвремени парламентарни избори и дека наместо тоа, државата треба да се насочи и фокусира на националните приоритети: економскиот развој, подобрувањето на здравствениот и образовниот систем, како и на развојот на земјоделието.