„Мислам дека е битно да се обединат сите членови на СДСМ и симатизери на СДСМ, бидејќи се работи за концепт околу кој сме биле обединети повеќе години околу сентиментот против Груевски и враќање на режимот, неразбирливо ми е сега зошто било кој од нашите симпатизери би останале дома или би дале подршка на страната на Груевски зашто тој сеуште ја контролира таа партија.
Мислам дека место во СДСМ има за секого, како и во владината структура, но пред се е важно да се обединиме околу еден концепт, а тоа е дали сме за прогрес на државата или расправајќи се меѓу себе да го вратиме режимот на власт“. Рече министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју на „Трилинг“.
Во однос на опозициската коалиција тој рече дека тоа е коалиција само заради власт.
„Точката на спојување на партиите во опозиција е само желба за власт, како Мицковски ќе води политики на европски интеграции во коалиција со „Левица“ која се залага за одчленување од НАТО, за прекин на дипломатски односи со Израел, за национализација на некои приватни делови од секторот. Мислам дека тоа се сериозни теми. Кога се составува Влада се составува и програма, а таа треба да води напред. Мицковски го нема тој концепт и ги нема бројките.