Соопштение на СДСМ:
Арсовска цел ден молчи за бугарското државјанство, каде се крие?
Кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска цел ден денеска не се изјаснува по јавно објавениот документ дека 10 години има бугарско државјанство.
Каде се крие Арсовска? Цел ден молчи и наместо одговор од неа, стигна обид за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ преку празно соопштение до медиумите.
Јавно објавен документ докажува дека Арсовска во 2011 година се стекнала со буграско државјанство.
Арсовска, кадар на Груевски и почесен конзул на Унгарија, треба да излезе пред јавноста и да каже од кои побуди и поради кои причини извадила бугарско државјанство.
Кандидатка за градоначалник која е почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, не може да работи за интересите на Скопје и неговите граѓани.
Затоа скопјани в недела на изборите ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ чија кандидатка е.