27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петровска: Данела Арсовска е странска инсталација – Скопје нема да го води унгарски конзул со бугарско државјанство

Прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ:

“Почитувани граѓани, почитувани новинари,

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска.

Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.

Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство.

Или како што изворно пишува:

„Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“

Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина.

Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате?

За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?

Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.

Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани.

Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот?

Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.

Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.

Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?

Почитувани граѓани,

Во недела, на 31 октомври да се обеидниме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје”.